Прво финале на СП за шпанските ракометарки

Шпанија испиша историја, против Холандија ќе се бори за златото на СП во Јапонија

Шпанија го направи најголемиот успех во својата ракометна историја во женска конкуренција откако се пласираше во финалето на Светското првенство каде што ќе игра против Холандија. 

Изненадувачко финале на Светското првнество во ракомет за жени кое се одржува во Јапонија, за златниот медал ќе се борат Шпанија и Холандија.
 
За Шпанија ова ќе биде прво финале на едно Светско ракометно првенство, а до него дојде откако неочекувано убедливо ја совлада фаворизираната селекција на Норвешка со 28:22.
 
Резултатот по првото полувреме беше изедначен 13:13, во вториот дел шпанските ракометарки одиграа одлична одбрана, нападот функционираше на високо ниво и на крајот дојдоа до победа од дури шест гола разлика.
 
Барбоса со седум голови беше најефикасна, Родригез постигна шест. Кај Норвешка, Малин Ларсен Ауне реализираше пет пати.
 
Шпанија во финалето ќе игра против Холандија која во многу понеизвесен меч славеше над Русија со 33:32.
 
И во овој меч Русинките беа фаворити, но Холанѓанките се радуваат на второ финале на Светските првенства во последните четири години.
 
Естевана Полман со девет голови беше најдобрата Холанѓанка на денешниот меч. Во составот на Русија Вјахирева постигна 11 голови.
 
Финалето меѓу Шпанија и Холандија се игра во недела од 12:30 часот, три часа порано се игра мечот за бронзен медал меѓу Русија и Норвешка.
 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе