ЕП 2020

Шпанија и Хрватска одат во полуфинале, Германија ќе се бори за петтото место

Шпанија се приклучи на Хрватска во полуфиналето откако со убедливи 37:28 ја победи Белорусија, Германија ја растури домашната селекција на Австрија совладувајќи ја со 34:22. 

Шпанија и Хрватска со перфектен скор ќе влезат во последното коло во кое во меѓусебен дуел ќе се борат за првата позиција во групата.
 
Шпанците со лесен триумф над Белорусија од девет разлика го потврдија пласманот во полуфиналето кој претходно го завери и Хрватска откако ја совлада Чешка со 22:21.
 
Соле и Фернандез постигнаа по седум голови за Шпанците, Македа реализираше шест, Душебаев пет. Во составот на Белорусија најдобар беше Валипау со осум погодоци.
 
Германија ја декласираше Австрија совладувајќи ја со 12 голови разлика. Селекцијата која си поигра со Македонија овој пат беше убедливо поразена.
 
На коло пред крајот Германците ја освоија третата позиција во групата и ќе се борат за петтото место на Европското првенство.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе