СП 2019

Шоу на Митревски, Македонија има еден негатива против Шпанија на полувремето

Македонската репрезентација губи со 13:12 од Шпанија по првото полувреме, Никола Митревски има фантастично полувреме со 11 интервенции, но во нападот промашивме многу зицери.

И покрај тоа што промашивме повеќе пати од идеални позиции, Македонија покажа одлична игра против Европскиот шампион. Можевме да водиме со повеќе голови разлика, но на полувремето губиме со еден.

Нашите ракометари имаа совршен почеток на мечот, водевме со 6-3 и имавме напад за четири гола предност, но Кузмановски биеше над голот. Следуваа минутите на Шпанија, тие направија серија од 5-1 и дојдоа до првото нивно водство.

До одморот репрезентациите се менуваа во водство, на полувремето се замина со предност на Шпанија од 13:12.

Никола Митревски има 11 одбрани, тој е јунакот на полувремето, Кире Лазаров даде пет голови, Манасков три.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе