Квалификации за ЕП 2022

Шестмина се позитивни на ковид-19 во ракометната репрезентација пред дуелите со Финска и Швајцарија

Ракометната федерација на Македонија информираше дека тројца ракометари и тројца членови на стручниот штаб се позитивни на ковид-19 по тестирањето спроведено пред дуелите со Финска и Швајцарија. 

Покрај тренерот на голманите, Александар Царчев и Никола Матлиески, РФМ информираше дека позитивен на ковид-19 е и Радослав Стојановиќ.
 
Покрај тројцата членови на стручниот штаб, коронавирус имаат и тројца ракометари, Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.
 
„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО  2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19.

Ве информираме дека следните лица кои што се дел од машката сениорска ракометна репрезентација се позитивни на корона вирусот:

Александар Царчев - тренер на голмани
Никола Матлиески - помошник тренер
Радослав Стојановиќ - помошник тренер
Марио Танкоски - ракометар
Мартин Велковски - ракометар
Мартин Поповски - ракометар

Ве известуваме дека контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немаале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања“, стои во соопштението на РФМ.
 
Поради отсуството на Мартин Поповски, селекторот Данило Брестовац дополнително го повика Гоце Георгиевски.
 
Македонија во среда на 4. ноември ја пречекува Финска, а на 7. ноември гостуваме кај Швајцарија.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе