ЕП Хрватска 2018

Шампионска лекција за Црна Гора, Германците фуриозни на стартот

Актуелниот европски шампион, Германија ја „прегази" Црна Гора во првиот натпревар од нашата група на ЕП 2018, „Панцирите" славеа со високи 32-19

Германија важеше за голем фаворит во пресрет на мечот, и избраниците на Прокоп токму тоа го демонстрираа на теренот.

„Панцирите“ водеа од почеток до крајот, Црна Гора парираше само во првите десетина минути, за потоа Германија да направи серија 8-0 и да ги реши сите дилеми околу победникот.

На пауза актуелниот европски шампион замина со +8 (17-9), а во продолжението од средбата, предноста само се зголемуваше.

Германија во неколку наврати имаше +14 за конечниот резултат на семафорот да гласи 32-19.

Генсхајмер со девет погодоци и само едно промашување, беше прв играч на средбата. Пол Друкс имаше 100% ефект и пет гола, а по три погодоци имаа Вајнхолд, Колбахер и Кун. Одличен натпревар имаше и голманот Волф кој забележа 12 одрани (46%).

Во редовите на Црна Гора, прв играч беше Владан Липовина со седум погодоци.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе