Квалификации за ЕП 2022

Серафимов: За мене е привилегија да учам од најдобриот во светот

Мартин Серафимов вели дека како десен бек му е привилегија што му е селектор Кире Лазаров и што има можност од него да учи. 

Мартин Серафимов е директен наследник на Лазаров на десната бековска позиција. Вели дека и како капитен и како селектор, чест е да се учи од најдобриот на светот.
 
„Кире Лазаров и како селектор го има истиот однос со играчите, од него има многу да се учи. Мене лично, како играч на иста позиција, за мене ова е големо задоволство и привилегија да учам од најдобриот на светот“, вели Серафимов.
 
Македонските ракометари попладнево ќе отпатуваат во Финска за утре во 17 часот да го одиграат претпоследниот меч од квалификацискиот циклус, кој може и математички да го завери нашиот пласман на ЕП 2022. Теоријата вели дека дури и да не освоиме бодови во претстојните две средби со Швајцарија и со Финска, ќе се пласираме, но за ракометарите само победа е опција.
 
„Одиме на победа и на двете средби. Нема резултатски притисок и мора да си го чуваме образот. Мислам дека заслужуваме да ги добиеме и двата натпревара и мислам дека тоа и ќе се случи. Како што покажавме ние сме поквалитетна репрезентација од Финска, се што останува на нас е да одиграме како што знаеме и мислам дека ќе добиеме позитивен резултат од тоа. Се чувствуваме одлично, победата над Данска многу ја крена атмосферата во екипата, ни даде доста надеж и сега останува да ги довршиме натпреварите во овие квалификации како што сите посакуваме. Верувам дека се ќе заврши позитивно до крај“.
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе