Фиверс е тимот против кој Металург го освои единствениот бод досега кога во Скопје одигра 33-33. Вечерва од 20:45 се игра дуелот во Виена.
Металург против Чеховски Медведи се покажа во подобро издание отколку против Висла Плоцк, па Серафимов чувствува дека во тимот има напредок кој ќе биде презентиран и вечерва против Фиверс.
„Штета што повторно не сме комплетни, но факт е дека со враќањето на Тарабокија нашата игра се крена на едно повисоко ниво. Против Чеховски медведи имавме значаен напредок во играта, а очекувам тој тренд да продолжи и на дуелот со Фиверс. Тоа е тим составен од искусни ракометари, но верувам дека нашата желба за победа ќе биде поголема од нивното искуство и дека тоа ќе се покаже пресудно на вечерашниот натпревар“, изјави Мартин Серафимов.
„Не е прашање дали можеме, туку мораме да играме на високо ниво. Имаме огромна желба, да напредуваме од натпревар во натпревар и со самото тоа да се подготвуваме за домашното првенство. Се надевам дека сето тоа ќе заврши во најдобар ред, веќе надминавме бројни проблеми со изолации и со позитивни играчи, го оставаме тоа зад нас и очекувам да бидеме комплетни и во топ-форма за клучниот дел од сезоната“.
Легенда под Главна слика
Фото: РК Металург