ЕП 2020

Сензација, силната Франција елиминирана уште во групната фаза!

Откако претходно загуби од Португалија, Франција денеска доживеа пораз и од Норвешка по што на коло пред крајот остана без шанси за пласман во следната фаза. 

Франција водеше по првото полувреме со 15:14, но во вториот дел Норвежаните заиграа многу подобро, направија пресврт и на крајот победија со 28:26.
 
Сагосен со десет голови беше најдобар во составот на Норвешка, Фабрегас постигна осум голови за Французите, Гигу даде пет, Абало четири, Карабатиќ само три.
 
Претходно во оваа група Португалија ја победи Босна и Херцеговина со 27:24, а тоа значи дека Франција и дефинитивно испаѓа.
 
По две одиграни кола Норвешка и Португалија имаат по четири бода и тие две селкции одат понатаму, Франција и БиХ се без бодови.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе