Куп на Македонија

Сензација: Металург го победи Вардар и го освои Купот на Македонија!

Металург е сензационален освојувач на Купот на Македонија во ракомет откако во финалето по подобро изведување на пенали го победи Вардар.

Вардар кој и оваа година е една од најдобрите четири екипи во Европа, го загуби домашниот куп од Металург. Црвено-црните беа голем фаворит во финалето, но Металург повеќе ја посакуваше победата и на крајот заслужено се радува на неа.
 
Стартот на мечот не наговестуваше изненадување, Вардар почна фуриозно со 5-0. Но Металург не падна, продолжи да се бори, дојдоа и до минус еден 12-11, но при крајот на полувремето Вардарци повторно се одлепија и на одморот се заминаа со водство од 16-12.
 
Предноста од четири разлика како да го опушти Вардар, Металург влезе многу фокусирано и со голема желба во вториот дел и направи серија од 7-2 за прво водство 19-18, а за кратко време дојде и до предност од три разлика 22-19.
 
До крајот на мечот Вардар успеа само да го изедначи резултатот, по 60 минути беше 29:29, пеналите требаше да го решат победникот.
 
Во пенал рулетот Чупиќ и Дибиров промашија од седум метри, кај Металург не реализираше само Пучник. Головите за Вардар ги дадоа Карачиќ, Поповски и Скубе. Серафимов, Токиќ, Шпенде и Танковски ги дадоа головите за тимот од Автокоманда.
 
Шпенде со девет гола беше најефикасен кај Металург, Токиќ постигна осум. Во составот на Вардар Чупиќ постигна седум гола.
 
Ова беше шеста титула за Металург во Купот на Македонија.
 
Фото: РК Металург

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе