СЕХА лига

СЕХА потврди: Веспрем се враќа во регионалната лига

Тоа што и претходно беше познато, сега е и официјално потврдено, финалистот од Лигата на шампионите, унгарскиот Веспрем се враќа во СЕХА лигата.

СЕХА лигата добива големо засилување за следната сезона, Веспрем повторно ќе биде дел од регионалното ракометно натпреварување.
 
„Долго време преговаравме. Сега и официјално можеме да кажеме дека Телеком Веспрем ќе игра во следната сезона од СЕХА лигата. Ова е внзаемна корист и за клубот и за лигата. Навистина сме среќни бидејќи двата финалисти од последната Лига на шампиони ќе бидат дел од нашата лига следната сезона“, изјави Синиша Остоиќ, директор на СЕХА лигата.
 
Задоволство има и кај Веспрем од враќањето во лигата.
 
„Задоволни сме и многу среќни што повторно ќе играме во СЕХА лигата. Не игравме во последните две години. Но СЕХА го промени системот на натпреварување што е апсолутно добро за нас и подготвени сме да влеземе. Важно е за нас да бидеме дел од СЕХА бидејќи тоа е лига со многу добри тимови“, вели Золтан Чсик, директорот на Веспрем.
 
СЕХА лигата од следната сезона ќе има нов формат, ќе биде составена од 12 екипи поделени во две групи од по шест, со тоа ќе се намали бројот на натпревари.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе