СЕХА лига

СЕХА лигата ги одреди термините за новата сезона

Престојната сезона во СЕХА лигата ќе почне на 3. септември и ќе биде поразлична од минатите, трофејот го брани Вардар.

Првото коло од новата сезона ќе се одигра на 3 и 4 септемви. Регуларниот дел ќе биде составен од десет кола кои треба да завршат до средината на декември.
 
На 7 и 8 март ќе се одиграат првите четвртфинални натпревари, реваншите ќе бидат седум дена подоцна. А завршниот турнир е предвиден да се игра од 3 до 5 април, домаќинот дополнително ќе биде одреден.
 
За разлика од минатите сезони, овој пат СЕХА лигата ќе има 12 учесници но бројот на одиграни натпревари ќе биде помал бидејќи екипите ќе бидат поделени во две групи од по шест тимови.
 
Вардар ќе го брани пехарот, а втор македонски учесник оваа сезона е Еурофарм Работник од Битола.
 
Останува уште да се утврди кој ќе го завземе местото на Мотор Запорожје кој од политички причини не доби дозвола за настап од Украинската ракометна федерација иако претходно се договори со СЕХА лигата.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе