СЕХА лига

СЕХА ја исфрли Татабања, Спартак Москва ќе биде нов ривал на Вардар

СЕХА лигата донесе одлука да ја исфрли Татабања од натпреварувањето поради несогласување со управата на унгарскиот тим, Спартак Москва ќе биде нов ривал на Вардар.

Една промена пред стартот на новата сезона од СЕХА лигата, раководството на регионалното натпреварување ја исфрли Татабања поради несогласување со управата на унгарскиот тим.

Замена ќе биде Спартак Москва, со што за прв пат ќе има клуб од Русија во СЕХА лигата. „Московјаните“ ќе бидат дел од групата на Вардар во која уште се и Нексе, Мотор, Војводина и Татран Прешов.

„Среќни сме што сме тука во Москва, да го промовиравме овој голем проект кој го договоривме. Сакам да му се заблагодарам на господинот Шишкарјов, господинот Воронин и господинот Славин со кои направивме голем напор за ова ново партнерство. Мислам дека Спартак на љубителите ќе им понуди многу одлични мечеви. Очекувам извонредна сезона и прекрасен Ф4 турнир“ – рече Синиша Остоиќ, директор на СЕХА лигата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе