Една промена пред стартот на новата сезона од СЕХА лигата, раководството на регионалното натпреварување ја исфрли Татабања поради несогласување со управата на унгарскиот тим.
Замена ќе биде Спартак Москва, со што за прв пат ќе има клуб од Русија во СЕХА лигата. „Московјаните“ ќе бидат дел од групата на Вардар во која уште се и Нексе, Мотор, Војводина и Татран Прешов.
„Среќни сме што сме тука во Москва, да го промовиравме овој голем проект кој го договоривме. Сакам да му се заблагодарам на господинот Шишкарјов, господинот Воронин и господинот Славин со кои направивме голем напор за ова ново партнерство. Мислам дека Спартак на љубителите ќе им понуди многу одлични мечеви. Очекувам извонредна сезона и прекрасен Ф4 турнир“ – рече Синиша Остоиќ, директор на СЕХА лигата.