Лига на шампиони

Се повтори приказната од Шведска, Еурофарм Работник прокоцка водство од пет голови и против Бидасоа!

Исто како и на натпреварот од минатото коло, Еурофарм Работник водеше со пет разлика и на крајот го загуби мечот, трет пораз по ред со негатива од еден гол. 

Еурофарм Работник го загуби и третиот натпревар во дебитантската сезона од Лигата на шампионите, и овој пат идентично како и претходните два, со еден гол разлика, 26:25 беше за Бидасоа.
 
Битолскиот тим покажа дека може да се носи и со Шпанците, но кога требаше само да ја одржува предноста, момците на Алушоски паднаа и го прокоцкаа водството кое го имаа.
 
Во првиот дел беше изедначено, но како се ближеше крајот на полувремето така Еурофарм играше се подобро, дојде до водство кое почна и да го зголемува и на полувремето замина со позитива од 14:11.
 
Во второто полувреме тргна со два гола, зголеми на 16:11 за највисоки во натпреварот пет голови разлика, во тие моменти изгледаше дека Еурофарм има се за да ја оствари првата победа во Лигата на шампионите, но тоа не се случи.
 
Еурофарм веднаш по позитивата од пет гола падна, Бидасоа направи серија од 4-0, дојде на минус еден, а брзо потоа направи пресврт, дојде до водство кое го оджруваше до крајот за победа од 26:25.
 
Остроушко со девет постигнати голови беше најдобриот поедицинец кај Еурофарм Работник, одличен беше и Никола Митревски со 12 интервенции.
 
Еурофарм Работник во следното коло го пречекува Кокс во Битола и тогаш ќе се обиде конечно да дојде до првиот триумф во Лигата на шампионите.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе