РАЗОЧАРАН ОД КРИТИКИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ

Самсоненко: Си одам од Вардар!

Сергеј Самсоненко се збогува со „црвено-црното“ семејство, рускиот бизнисмен утрово соопшти дека ги напушта РК Вардар, ЖРК Вардар и ФК Вардар по крајот на сезоната.

Човекот што е најзаслужен за најголемиот клупски успех на Македонија, Сергеј Самсоненко, денеска соопшти дека се повлекува по крајот на сезоната.

Рускиот бизнисмен ќе се збогува со „црвено-црното“ семејство и ги напушта РК Вардар, ЖРК Вардар и ФК Вардар.

Тој вели дека чашата ја прелеале последните критики на негова адреса и негодувањата на фановите за цените и распределбата на билетите за дуелот со Фенербахче во Лига Европа.

Соопштението на Самсоненко, кое го објави Македонски спорт, ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани граѓани на Македонија, пријатели!

Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите...

Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?

Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава.

Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго... токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.

Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци... и сакам да кажам, доста е!

Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови.

Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив.

Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов.

Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови.

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина.

На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.

Напред Вардар!

Сергеј Самсоненко“

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе