РК Вардар

Самсоненко им ветил на ракометарите дека сите ќе бидат исплатени до крајот на мај

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко имал состанок со ракометарите на кои им ветил дека сите заостанати примања ќе им бидат исплатени. 

Вардар повторно е во криза, клубот им должи на ракометарите, а Криштопанс и Атман веќе си заминаа поради таквата ситуација.
 
Кризата еруптираше во изминатите денови по што Сергеј Самсоненко имал состанок со играчите.
 
Според руските медиуми, Самсоненко им ветил на ракометарите дека сите долгови ќе им бидат исплатени до 31 мај.
 
Претходно Иван Чупиќ за хрватските медиуми потврди дека имале состанок со Самсоненко и Михајловски но не изнесе детали од разговорот.
 
„Имавме состанок со Самсоненко и Михајловски, разговараевме. Ни беше кажано дека до крајот на месецот ќе се знае нешто повеќе. Уште не знаеме што конкретно, но што и да се случува до крајот на сезоната сум тука, мислам дека и останатите ќе останат. Би сакал работите да се стабилизираат, но засега навистина не знам ништо“, рече Чупиќ.
 
И покрај тоа што Вардар се наоѓа во тешка ситуација, се шпекулира дека во наредните денови клубот ќе донесе и две нови засилувања со цел да се зголеми ростерот со ракометари за финишот од сезоната.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе