Повредите стануваат минато

Само Горбок ќе недостасува, Вардар речиси комплетен против Кјелце

Проблемите со повредите полека стануваат минато за Вардар, европскиот шампион речиси комплетен ќе биде на денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Кјелце. 

Вардар денеска со почеток од 17:30 часот го пречекув Кјелце во дерби натпревар од Лигата на шампионите.
 
Настапот на неколку ракометари беше неизвесен за овој дуел, но тие се во составот, единствено ќе недостасува Сергеј Горбок.
 
Криштопанс беше последниот кој имаше ситна повреда, но тој ќе игра, ќе настапат и Атман и Горпишин кои не беа дел од мечот против Мешков Брест.
 
Во составот повторно има три голмани, Кизиќ кој импресионираше на последниот меч можеби овој пат ќе добие повеќе минути на теренот, но се очекува да стартува некој од Гебдан или Кугис.
 

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе