ЕП 2020

Сагосен ја предводеше Норвешка до нова победа, овој пат падна Шведска

Норвешка ја продолжи победничката серија совладувајќи ја Шведска со 23:20, Исланд ја сопре залетаната Португалија победувајќи ја со 28:25, Словенија со 29:28 загуби од Унгарија. 

Норвешка го држи првото место во групата откако запиша уште една победа. Сагосен со осум голови ги предводеше до триумф над Шведска.
 
Португалија како да се истроши во победата над Шведска, па денеска претрпе пораз од Исланд со три голови разлика.
 
Исланѓаните имаа неколку расположени ракометари, Смарасон постигна седум гола, а по пет пати реализираа Палмарсон, Петерсон и Сигурдсон.
 
Словенија загуби од Унгарија иако на полувремето имаше водство од три разлика, на крајот Унгарците славеа со 29:28.
 
Осум гола за Унгарија постигна Банхиди, кај Словенија Доленец реализираше исто така осум погодоци.
 
По три одиграни средби во оваа група Норвешка е прва со шест бода, по четири имаат Унгарија и Словенија, Исланд и Португалија освоија по два, Шведска нема бодови.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе