Бараж за пласман на СП

Романија сепак е пресилна за Македонија, убедливо победија и во Скопје

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз од Романија во баражот за пласман на СП, овој пат загубивме со 35-20. 

По успешните квалификации македонските ракометарки влегоа со самодоверба во баражот со Романија, но реалноста е дека уште сме далеку од ракометната женска елита. Во Букурешт загубивме со 11 разлика, во Скопје со 15.
 
Стартот на мечот беше добар, поведовме со 3-1, но брзо потоа почна падот, Романките брзо го свртеа мечот и на полувремето заминаа со предност од 18-10.
 
Иста беше сликата и во второто полувреме, Романија ја зголемуваше предноста и на крајот побед со 35-20 и обезбеди учество на Светското првенство.
 
Најдобра кај македонската репрезентација беше Елена Ѓорѓиевска со шест погодоци од 11 обиди, додека Лаура Моиса постигна осум голови за Романија.
 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе