Бараж за пласман на СП 2023

Романија победи, Македонија се радува, Чешка ни е последна пречка до Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација со 24-22 загуби на гостувањето кај Романија, но благодарение на високата победа од осум разлика во Скопје се пласиравме во последниот бараж меч за пласман на Светското првенство. 

Македонските ракометари успешно ја завршија мисијата „Романија“, последна пречка до пласман на Светското првенство ќе ни биде селекцијата на Чешка.
 
Работата ја завршивме во Скопје кога со високи осум голови разлика ја совладавме Романија. Денеска не блескавме, одигравме под нашите можности, го загубивме мечот со Романија, но целта е остварена.
 
Резултатот во најголем дел од мечот беше неизвесен, двете селекции се менуваа во водството. Ние во првиот дел имавме предност и од три разлика 7-10. Но во вториот дел Романците имаа три разлика 19-16 и 20-17. На крајот тие заслужено победија со 24-22.
 
Кире Лазаров со шест гола беше најефикасен, Филип Кузмановски постигна три погодоци, Томовски забележа девет одбрани. Кај Романците најдобар беше Гаминде со седум голови.
 
Последната пречка до пласман на Светското првенство ни е Чешка. Првиот меч против нив е на 13. април во Злин, а реваншот е на 17. април во Скопје.
 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе