РК Вардар

РК Вардар ги пушти во продажба сезонските билети

Од денеска, 30 август започна продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар кои клубот ќе ги игра во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство оваа сезона. 

Продажбата ќе трае до 14 септември, а ако останат слободни билети, ќе има индивидуални продажби пред секој поединечен натпревар.
 
„Натпреварите ќе бидат организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат со ограничен број на публика. За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански" ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.
 
На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
 
Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите“, информираат од Вардар.
 
Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
 
Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена - 2.500 денари
 
Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена - 3.000 денари
 
Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена - 3.500 денари

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе