Клубот кој играше против Голден Арт КЛ7

РК Радовиш има двајца позитивни ракометари на ковид-19

Ракометниот клуб Радовиш кој играше против РК Голден Арт КЛ7 објави дека имаат двајца позитивни случаи на коронавирус во нивниот тим. 

Фото: RadovisNews.mk
Од Голден Арт КЛ7 денеска објавија дека имаат дури 16 позитивни членови на коронавирус, по што целиот тим ќе оди во изолација, а РФМ ја стави во мирување сезоната за Групата А од Супер Лигата.
 
Последен меч на Голден Арт КЛ7 беше мечот со Радовиш, поради тоа и во радовишкиот клуб биле направени тестирања по кои се констатирани два позитивни случаи на ковид-19.
 
„Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи.
Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми“, стои во соопштението на РК Радовиш.

Легенда под Главна слика

Фото: RadovisNews.mk

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе