Ристовски: Моето враќање во Вардар нема никаква врска со политиката

Борко Ристовски негира дека неговата одлука да се врати во Вардар има било каква врска со политиката и парламентарните избори кои треба да се одржат во април. 

Борко Ристовски е советник на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски па многумина неговото враќање во Вардар го поврзаа со политиката, но тој го негира тоа.
 
„Моето враќање во Вардар нема никаква врска со политиката. Јас не сум политичар. Единствената причина поради која влегов во политиката е да му помогнам на спортот. Јас по природа сум револуционер, патриот, си ја сакам државата, сакам само да помогнам и тоа е тоа“, вели Борко Ристовски.
 
„Имав уште година ипол од актуелниот договор кој беше финансиски подобар и подолг, но се решив да се вратам за да му помогнам на Вардар. Имав понуди и од други екипи кои играат во ЛШ, пример Рајн Некар, но се решив за Вардар. Ова е европски шампион, во него има квалитетни играчи, големи луѓе и борци и сакам да помогнам во оваа тешка ситуација. Има уште важни натпревари во ЛШ, СЕХА и домашното првенство“.
 
„Со Вардар имав преговори уште во времето на Парондо, но тогаш не се договоривме. Не знам што ќе биде со клубот, во кој правец ќе се движи, но знам дека лошата ситуација е минимизирана. Знам дека влегле во клубот некои средства, но како ќе биде понатаму не знам. Вардар заслужува да опстојува и да функционира понатаму“.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе