Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги пречека младите ракометари

РФМ ќе ги награди кадетите со премија од 700.000 денари за првото место во Летонија

Ракометната кадетска репрезентација на Македонија која го освои ЕХФ шампионатот во Летонија, денеска беше на прием кај претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. 

Фото: РФМ
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги пофали ракометарите и вети дека ќе поделат премија од 700.000 денари.
 
„Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македобија, ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум благодарен... Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме. РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари награда“, изјави Мукаетов.
  
Селекторот Раде Стојановиќ вели дека ова нема да биде последен успех на кадетите.
 
„Ние се надеваме дека нема да застанеме тука. Оваа репрезентација има квалитет и тоа го покажавме на овој турнир. И сами забележавте дека финалето беше малку потешко, но останатите дуели ги одигравме на едно високо ниво. Ракометарите покажаа еден поинаков карактер, не само што победувавме, туку одевме до максимум. На некои натпревари имавме и по 10 голови разлика, а покажавме и голема борбеност и верба“, рече Стојановиќ.
 
Со освојувањето на ЕХФ шампионатот, македонските надежи обезбедија место на Светското кадетско првенство 2023 и Европското младинско 2024 година.

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе