Севиља имаше прво полувреме како што само може да посака, со голови на Ракитиќ и Ламела имаше водство од 2-0.
Но работите се променија во второто полувреме, а клучно беше влегувањето на Родриго кој по пет минути постигна гол и го намали резултатот на 2-1.
Во 83. минута Начо со својот прв допир со топката откако влезе во игра го израмни резултатот на 2-2.
А во судиското продолжение повторно на сцена стапи Родриго, овојпат како асистент за Бензема кој постигна гол за победа на Реал Мадрид од 3-2.
На овој меч судиите не се прославија многу, имаа повеќе одлуки за анализа, Реал Мадрид може да се жали за недосуден пенал во првото полувреме и поништен гол во вториот дел, а Севиља може да се буни затоа што Камавинга не доби втор жолт картон во првиот дел.
Со оваа победа на шест кола до крајот Реал Мадрид има дури 15 бодови повеќе од Севиља, исто толку повеќе има и од Барселона но Каталонците имаат два меча помалку.