По нотите на „Ел Команданте“

Раул: Задоволен сум, следна е Црна Гора

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, е задоволен од големата победа над Словенија, но скромно, во негов стил, вели дека не треба да се прави еуфорија, туку да се размислува на следниот чекор.

Македонските ракометари одиграа по првите ноти на Раул Гонзалез на ова првенство, ги реализираа неговите замисли и дојдоа до триумф на Словенија, кој значи фантастично отворање на шампионатот.
 
„Одиме чекор по чекор. Сега имаме два бода, задоволен сум од сите, затоа што ја победивме треатата селекција во светот. Секогаш е тешко да се игра против Словенија. Денеска треба да уживаме, а утре имаме пауза и треба да се подготвиме за мечот со Црна Гора“, изјави Раул Гонзалез по победата.
 
„Повеќе или помалку знаеме сѐ за Црна Гора, би било супер да имаме победа. Сепак, не смееме да мислиме дека двата бода се веќе освоени и мора да имаме почит кон црногорската репрезентација бидејќи имаат одлични играчи“.
 
„Мислам дека Германија има многу добра репрезентација, но за тоа ќе мислиме подоцна. Македонија мора да игра подеднакво добро и во напад и одбрана, за да го добиеме и вториот меч“.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе