Разликата е голема

Раул: Во Вардар имав време да се подготвувам за мечевите од ЛШ, во ПСЖ е поинаку

Легендарниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез вели дека во ПСЖ му е многу потешко отколку во македонскиот клуб. 

Раул Гонзалез со Вардар ја освои Лигата на шампионите, но со ПСЖ се уште не стигнал до тој триумф. Минатата сезона не успеа ниту да се пласира на фајнл-фор турнирот кога црвено-црните триумфираа по втор пат во големото натпреварување.
 
Овој пат со одлуката на ЕХФ, ПСЖ оди директно на фајнл-фор каде што ќе се бори со Барселона, Кил и Веспрем за престижниот трофеј.
 
Раул за „Марка“ вели дека во Македонија му било полесно, бидејќи имал време да се подготвува за натпреварите од Лигата на шампионите, додека во Франција домашната лига е силна, па нема многу време за припрема за европските мечеви.
 
„Млад тренер сум и секако дека има разлика меѓу Вардар и ПСЖ. Во Вардар имав време да се подготвам за натпреварите од Лигата на шампионите, во Париз е поинаку. Тука лигата е посилна, немам кога ниту да спијам, имам малку време за подготовка на тие мечеви. Понекогаш во натпревар од Лигата на шампионите влегувате без вистинска подготовка. Првата година ми беше навистина тешка“, вели Раул Гонзалез.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе