СП 2019

Раул: Видов дека немаме шанса, затоа го повлеков првиот тим

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес вели дека кога на почетокот од второто полувреме Шпанија ја направи разликата, му станало јасно дека нема што да бараме на овој меч, па го извадил првиот тим за да ја зачува свежината за Исланд.

Македонија одигра одлично прво полувреме во кое требаше да има предност, но поради многуте нереализирани шанси имавме негатива од еден разлика. Но вториот дел почна шокантно за нас, Шпанија направи серија за 2-3 минути, дојде на предност од шест разлика, по што Раул Гоналзес го направи очекуваното, го повлече првиот тим од игра со цел да не се истрошат уште повеќе ракометарите кои утре треба да го носат товарат во клучниот меч со Исланд.
 
„Беше многу тешко да се игра против Шпанија. Тие ја имаат најдобрата одбрана, имаат убиствени контри и голман што брани сѐ. Требаше да бидеме етен специјални за да се носиме до крај со Шпанија. Игравме наш стил на напад, зона „7 на 6“, во првото полувреме успеавме иако Варгас беше перфектен. Во вториот дел почнавме да играме лошо, примивме три гола за 30 секунди, и тогаш решив да сменам сѐ, зашто знаев дека немаме шанса. Мораше да мислиме на утрешниот меч со Исланд, зашто немаме многу време за да се спремим“, изјави Раул на прес конференцијата по натпреварот.
 
Утрешниот меч со Исланд почнува од 18 часот.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе