СП 2019

Раул: Среќни сме, но сега ја забораваме оваа победа и мислиме на Бахреин

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез е задоволен од играта на неговите избраници против Јапонија, но време за радост нема, мислите се насочуваат кон следниот противник.

Македонија одигра моќно на стартот на Светското првенство, ја победи Јапонија со девет голови разлика и дојде до очекуваниот триумф. 
 
„Честитки за сите, одигравме одличен натпревар. Знаевме дека првиот меч на голем турнир секогаш е тежок. Знаевме дека Јапонија е незгоден противник. На почетокот имавме проблеми со одбраната, но потоа Борко беше перфектен, особено во првото полувреме. Среќни сме за победата, но сега го забораваме овој дуел и мислиме на следниот противник“, изјави Раул Гонзалез.
 
Македонија вториот натпревар го игра во недела од 14:00 часот против Бахреин.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе