Шпанецот повторно ќе се појави во „Јане Сандански“

Раул: Среќен сум што ќе се вратам во Македонија, тоа ќе биде посебен меч за мене

Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалес е среќен што ќе има можност повторно да дојде во Македонија и да се види со дел од своите пријатели. 

Ждрепката од ракометната Лига на шампионите ги спои Вардар и ПСЖ. Тоа значи дека легендарниот тренер на црвено-црните, Раул Гонзалес повторно ќе излезе пред вардаровата публика во салата „Јане Сандански“.
 
„Среќен сум што ќе се вратам во Македонија, не сум бил долго време. Тоа ќе биде шанса повторно да видам некои мои пријатели. Ќе биде многу посебно за мене. Исто така прв пат ќе играм против мојот стар тим во таа сала. Очекувам добро да бидам примен од публиката. Тие се едни од најдобрите фанови во светот, секогаш му даваат поддршка на тимот и многу е тешко да победите таму“, вели Раул Гонзалес за официјалниот сајт на ПСЖ.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе