ЕП Хрватска 2018

Раул Гонзлаез го објави поширокиот список за Европското првенство

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за место на Европското првенство во Хрватска.

На првиот список на Раул се најдоа 28 ракометари меѓу кои и дебитантите Марио Танкоски и Мартин Серафимов.
 
Поширокиот список за ЕП 2018:
 
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
 
На Европското првенство Раул Гонзалез ќе треба да се потпре на 16 ракометари кои ќе можат да бидат пријавени, плус неколку резервни играчи, најмногу шест кои од трибините ќе ја чекаат својата шанса за ротација во составот.
 
Европското првенство се игра од 12 до 28 јануари во Хрватска. Македонија првата групна фаза ја игра во Загреб, противници ни се Германија, Словенија и Црна Гора. Доколку бидеме една од првите три репрезентација се селиме во Вараждин каде што ќе ја играме главната групна фаза.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе