ЕП Хрватска 2018

Раул Гонзалез: Подготвени сме за добар старт на Европското првенство

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез вели дека неговите ракометари се подготвени за утрешниот дуел со Словенија.

Македонија го одржа последниот тренинг пред почетокот на Европското првенство. Ракометарите ја почувствуваа салата на која утре ќе истрчаат на мегдан со Словенија.
 
Атмосферата во селекцијата е позитивна, Раул нема проблеми со повредени играчи, сите се подготвени и желни за игра, тој вечер ќе соопшти со кои 16 ќе го почне шампионатот.
 
„Дојде времето за првиот натпревар. Досега беше едно, игравме пријателски натпревари, тренинзи и сѐ беше без притисок. Сега доаѓа на ред натпреварот со Словенија, тоа е добра репрезентација, освојувач на медал од последното СП. Со почетокот на првенството доаѓа и притисокот, а кога се игра под притисок, сѐ изгледа поинаку. Но, ние сме подготвени и мислам дека ќе одиграме добар натпревар. За конечниот список, имаме уште време. Вечерва во 20:00 часот е техничкиот состанок и тогаш ќе објавиме кои 16 играчи ќе играат утре“, вели селекторот Раул Гонзалез.
 
Од Загреб: Ристе Ѓорѓиевски
 
 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе