ОТКАКО ЈА ОСВОИ ЛШ СО ВАРДАР, ШПАНСКИОТ ТРЕНЕР ЈА ПЛАСИРА МАКЕДОНИЈА НА ЕП

Раул Гонзалез: Ова беше мојата најдобра сезона во кариерата

Шпанскиот тренер, Раул Гонзалез е пресреќен откако како селектор на Македонија ја однесе нашата репрезентација на Европското првенство во Хрватска.

Македонија со маестрална партија над Чешка се пласираше на Европското првенство во Хрватска и го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
 
Раул Гонзалез кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, сега се радува и на успех со македонската репрезентација откако успешно ја заврши мисијата за пласман на континенталниот собир во Хрватска.
 
„Одигравме многу добар натпревар и сега треба да уживаме бидејќи се пласиравме на Европското првенство“ - вели Раул Гоназлез.
 
„Ова беше мојата најдобра сезона во кариерата. А што се однесува до Европското првенство, таму ќе атакуваме на нов успех па ќе видиме што ќе биде“.
 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе