Лига на шампиони

Раул Гонзалез: Мора да одиграме најдобро за да ја победиме Барселона

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез смета дека неговите ракометари треба да одиграат најдобро во сите линии за да ја победат силната Барселона која во сабота гостува во Скопје.

По првите четири кола Вардар и Барселона имаат исто бодови во групата, европскиот шампион во „Јане Сандански“ има убава можност да победи и да им се одлепи на Каталонците.
 
Вардар ја победи Барселона во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн, тие беа подобри на Супер Глоуб.
 
„Според мене Барселона е најголемиот противник бидејќи имаат состав од искусни играчи кои знаат да играат големи натпревари. Ако сакаме да ги победиме мора да ја одиграме најдобрата одбрана, во напад да бидеме најдобри бидејќи имаат одличен голман во Де Варгас. Најдобри мора да бидат и навивачите“ - вели Раул Гонзалез.
 
„Во моментов сме еднакви на табелата, имаме исто бодови и затоа ова е важен меч. Верувам дека заедно со нашите навивачи можеме да ја победиме Барселона“.
 
„На Супер глоуб катастрофално го почнавме мечот, Барселона направи седум голови разлика, после бевме добри, но не можевме да победиме. Во Сегед покажавме дека ако играме добра одбрана, контрата функционира одлично, па најважно е да одиграме добра одбрана“.
 
Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона се игра во сабота со почеток од 17:30.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе