ЕП Хрватска 2018

Раул Гонзалез го скрати списокот на 21 ракометар

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го скрати списокот, подготовките за Европското првенство ќе ги почне со 21 ракометар.

На 25. декември во 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ ќе треба да се појават 21 ракометар кои ќе ги започнат подготовките за Европското првенство во Хрватска.
 
Од поширокиот список отпаднаа Марко Нелоски, Дарко Димитриевски, СтефанДрогришки, Марио Танкоски, Мартин Манасков, Мартин Серафимов и Јане Цветсковски.
 
Список на повикани ракометари: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.
 
Според планот и програмата за работа, воведни подготовки ќе започнат на 18 декември со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. Во воведните подготовки кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот, Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе