ЕП Хрватска 2018

Раул го скрои составот за Словенија, познати се 16. ракометари кои ќе го почнат првенството

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез вечерва одреди кои 16 ракометари ќе играат против Словенија, а кои ќе останат на трибините.

Раул ќе игра со едно лево крило против Словенија, помалку изненадувачки Гоце Ојлески не се најде на списокот со кој Македонија ќе го почне Европското првенство.
 
Покрај него селекторот нема да смета ниту на голманот Златко Даскаловски и Велко Марковски.
 
Македонија утре со почеток од 19:30 против Словенија го почнува настапот на Европското првенство.
 
Составот на Македонија за дуелот со Словенија: Борко Ристовски, Никола Митревски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Аце Јоновски.
 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе