СП 2019

Раул го објави поширокиот список на Македонија за Светското првенство

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез објави поширок список на ракометари кои ќе конкурираат за настап на Светското првенство во Германија и Данска.

Раул Гонзалез објави список од 28 ракометари кои ќе се надеваат дека ќе ја поминат последната селекција за престојното Светско првенство кое од 10 јануари ќе се одржува во Германија и Данска.
 
Во составот се враќа Филип Миркуловски кои не настапи против Турција и Грција. Повратник е и неговиот соиграч од Вецлар, Јане Цветковски. Дебитант на списокот е само Милан Лазаревски од Металург. Младите Томислав Јагуриновски и Мартин Серафимов ќе конкурираат за втор десен бек покрај Кире Лазаров откако Мартин Велковски мораше повредата да ја санира со операција.
 
Македонија на Светското првенство е во група со Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Првите три репрезентации продолжуваат во главната фаза.
 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе