Селекторот е задоволен од двомечот со Романија

Раул: Го контролиравме и овој натпревар, заслужено одиме на Светско

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез е задоволен од пласманот на Светското првенство, вели дека го контролирале и денешниот меч и покрај поразот. 

Македонија загуби со еден гол разлика и лесно се пласираше на Светското првенство кое за нашите ракометари ќе биде четврто по ред.
 
„Делуваше лесно, но цел натпревар имавме контрола, дури и во ситуациите кога имавме и негатива. Имавме шанса и за победа на крај. Натпреварот беше тежок, имавме притисок, направивме грешки и глупости во играта ама играчите дадоа се од себе се однесуваа супер. Ќе играме на СП затоа што ние бевме подобри во овој двомеч“, вели Раул Гонзалез.
 
„Пасквал се обиде да ризикува и играше 'седум на шест', но ние игравме добро во одбраната, Борко беше добар исто така и се беше според план. Знаевме дека најверојатно ќе играат така затоа што така го отворија и натпреварот. Најважно е дека ние ја исполнивме целта".
 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе