СП 2019

Раул: Бахреин му пружи силен отпор на Европскиот шампион, мора да бидеме внимателни

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез предупредува дека натпреварот против Бахреин можеби нема да биде лесен како што очекува јавноста бидејќи противникот има квалитет кој го демонстираше против Шпанија.

По победата над Јапонија, Раул и ракометарите фокусот го ставаат на Бахрен кој е следниот наш противник. Тие синоќа загубија убедливо од Шпанија со 33:23, но беа разбиени дури во финишот од мечот. Во еден дел од второто полувреме имаа само три негатива и напад да намалат на два. Па селекторот предупредува дека нема да биде едноставно против оваа репрезентација.
 
„Совладана е Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Треба добро да се подготвиме и да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Ако имаме шанса ќе имаме и успех. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаат негатива од три разлика и тоа против европскиот шампион, а Бахреин имаше и шанса за да намали и на два разлика. Затоа треба да имаме многу почит и не треба да се опуштиме“, вели селекторот Раул Гонзалез. 
 
„Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, треба да внимаваме и на разликата особено кога се игра во група. Ако е потребно ние имаме сега и добра разлика. Ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Играта на Бахреин е различна од таа на Јапонија впрочем и различен тип на играчи се. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен“.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Бахреин се игра утре (недела) со почеток од 14:00 часот.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе