ЕХФ шампионат У18

Ракометните надежи ја совладаа Литванија на стартот на ЕХФ шампионатот

Македонската ракометна репрезентација до 18 години стартуваше со победа над Литванија со 32:30 на ЕХФ шампионатот во Грузија.

Македонските надежи имаа победнички старт на ЕХФ шампионатот откако во првото коло ги победија врсниците од Литванија.
 
Натпреварот беше изедначен 20. минути пред Македонија да направи серија од 4-0 која и помогна да замине на полувреме со убедливи 19:13. Сепак тоа не гарантираше ништо затоа што во вториот дел Литванците се вратија и се доближија дури и на -1, 26:25 во 47. минута. Избраниците на Данило Брестовац кризата ја решија со серија од нови 4-0 по која прашањето за победникот беше решено.
 
Најефикасен во нашата селекција беше Костески со 11 голови, Серафимов постигна девет.
 
Утре во 13 часот Македонија игра со Луксембург кој денеска ја победи селекцијата на Фарски Острови со 32:26.
 
Целта во групата во која се уште и Швајцарија и Естонија ни е едно од првите две места кои водат во полуфиналето.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе