Светско првенство У19 Скопје

Ракометни надежи го почнуваат настапот на СП до 19 години кое се одржува во Скопје

Од денеска до 18 август Скопје е домаќин на Светското првенство за ракометари до 19 години, македонската репрезентација мундијалот го отвара против Аргентина.

Македонските ракометари до 19 години предводени од селекторот Данило Брестовац денеска го почнуваат настапот на Светското првенство кое ќе се одржува во Скопје.
 
Нашиот град ќе биде домаќин на 24 репрезентации кои ќе се борат за што повисок пласман на Мундијалот. Натпреварите се играат во салите „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.
 
Македонија својот прв меч го игра против Аргентина со почеток од 20:30 часот во „Борис Трајковски“.
 
Нашата репрезентација е дел од групата Ц каде покрај ние и Аргентина се уште и Данска, Бахреин, Јапонија и Нигерија. Најдобрите четири од секоја група продолжуваат во осминафиналето.
 
Распоредот на натпреварите на Македонија:
 
06.08.19 Македонија - Аргентина 20:30
08.08.19 Македонија - Нигерија 20:30
09.08.19 Македонија - Бахреин 20:30
11.08.19 Македонија - Данска 20:30
12.08.19 Македонија - Јапонија 20:30
 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе