РФМ и клубовите се договорија

Ракометната Суперлигата се проширува, Вардар и Е. Пелистер се приклучуваат подоцна

Ракометната федерација на Македонија и клубовите на онлајн состанок постигнаа договор како да изгледа Суперлигата во следната сезона. 

Поради состојбата со коронавирусот оваа сезона беше прекината без да биде прогласен шампион и да нема испаѓање. Таквиот епилог носи промени во сезоната 2020/2021. Првичниот предлог за проширување на Суперлигата е прифатен, но со одредени измени.
 
Суперлигата во следната сезона ќе брои 16 екипи од кои Вардар и Еурофарм Пелистер кои ќе настапуваат во СЕХА лигата, во домашното првенство ќе се приклучат од плејофот. Од Првата лига во Суперлигата влегуваат најдобрите шест екипи, односно трите први од двете групи во неа.
 
Сезоната ќе почне со 14 екипи поделени во две групи со по седум екипи, секој ќе игра со секого по принципот дома-гости. По завршувањето на тој дел од сезоната, првите три екипи од групите ќе се префрлат во плејоф фазата во која ќе се приклучат и екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Преостанатите осум екипи ќе играат во плејаут.
 
Одлучено е од следната сезона во Суперлигата да не играат екипите ќерки на клубовите, ќе ги нема Вардар јуниор и Металург 2. Во лигата ќе биде Еурофарм Пелистер 2 бидејќи фигурира како различен правен субјект од Еурофарм Пелистер, што не е случај со вторите екипи на Вардар и Металург.
 
Суперлигата во следната сезона ќе ја сочинуваат: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид, Пролет, Бутел, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2, Струга, Работички, Тиквеш, КЛ7, Младост Богданци, Астраион, Прилеп и Јуниор КВ.
 
Овој предлог треба да се официјализира на Управен одбор на РФМ што треба да биде само формалност.
 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе