Олимписки игри

Ракометна доминација на Франција на Олимписките игри, злато и за женската репрезентација

По триумфот на машката ракометна репрезентација на Франција, денеска златото го освоија и девојките од оваа држава откако во финалето беа подобри од Русија со 30-25. 

Франција ги обедини ракометните злата на Олимписките игри во Токио, синоќа мажите, а денеска жените го освоија турнирот.
 
Русија беше благ фаворит во денешното финале, но Французинките одиграа перфектен натпревар, водеа во текот на речиси целиот натпревар и на крајот стигнаа до победа од 30-25.
 
Поранешната вардарка, Алисон Пино, заедно со Фопа беа најефикасни со по седум голови, кај Русинките седум постигна Ведекна.
 
Бронзата ја освои Норвешка која во битката за третото место ја торпедираше Шведска со 36-19.
 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе