Избраничките на Љубомир Савевски беа добри на стартот од мечот, резултатот беше 9-9 кога Турчинките почнаа да се одлепуваат, на одморот противникот имаше предност од 19-16.
Во вторите 30 минути сликата беше иста, Турција ја зголеми предноста и на крајот го доби мечот со 34-27.
Најефикасна во нашиот состав беше Кипријановска со шест голови, Џатевска постигна пет.
Следниот натпревар на Македонија е утре против Србија од 13 часот.
Легенда под Главна слика
Фото: РФМ