Ги дознаа ривалите во квалификациите

Ракометарките против Грција ќе ја почнат битката за настап на Светско првенство

Македонските ракометарки денеска ги дознаа ривалите во првата рунда од квалификациите за СП 2021, за противници ги добија Грција, Исланд и Литванија.

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе мора да мине низ два филтри за настап на Светското првенство, а денешната жрепка за првата рунда од квалификациите, како ривали ни ги донесе селекциите на Грција, Исланд и Литванија.

Поради пандемијата на коронавирус, ќе се игра во турнирски систем во еден град а како термини се 27-29 ноември или 4-6 декември. Среќата сакаше Грција да доби право прва да организира, но ако се откаже, следен домаќин е Македонија.

Најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат во бараж, кој на програмата ќе биде следната година.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе