Медитерански игри Тарагона 2018

Ракометарките победија, ракометарите изгубија од Турција на стартот од Медитеранските игри

Ракометните селекции на Македонија имаат половичен успех на стартот од Медитеранските игри кои се одржуваат во Тарагона Шпанија, девојките победија, момците загубија од Турција.

Женската ракометна репрезентација со 31:26 ја совлада Турција. Македонија имаше тотална контрола во текот на целиот меч и на крајот славеше со убедливи пет разлика.
 
Во второто коло македонските ракометарки ќе играат против Црна Гора во понеделник, а во групата противници ни се уште Србија и Египет.
 
За разлика од девојките, машката ракометна репрезентација беше поразена од Турција со 29:26. Македонија на овој турнир настапува во комбиниран состав пред се со млади играчи.
 
Мартин Поповски и Филип Кузмановски постигнаа по седум гола, Мартин Велковски реализираше пет пати.
 
Следен натпревар на Македонија е дуелот против Египет.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе