Квалификации за ЕП 2020

Ракометарите одат по победа во Турција вредна прво место во групата

Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 18 часот во Ескишехир игра против Турција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Избраниците на Данило Брестовац ќе влезат како фаворити во пресметката со Турција, но не смеат да го потценат противникот кој има надежна и амбициозна селекција.
 
Македонија е прва во квалификациската група, а за да ја задржи позицијата ќе треба да победи денес и да го добие натпреварот со Грција во Струмица.
 
Иако ги освоивме бодовите во првиот натпревар со Турција не блескавме на тој меч, а потоа следуваше срамниот пораз на гостувањето кај Грција. Мечеви кои се уште би требало да се во сеќавањето на ракометарите од кои мора да се извадат поуки.
 
Данило Брестовац нема да може да смета на Дејан Манасков кој е повреден, останатите стандардни репрезентативци се подготвени за игра.
 
Натпреварот се игра од 18 часот со директен пренос на телевизија „Телма“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе