Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар се поголеми од сите проблеми, го прегазија Мотор за пласман во осминафинале!

Вардарци одиграа фантастична партија против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите победувајќи го со десет голови разлика, 38:28 со што го заверија пласманот во осминафиналето. 

Ракометарите на Вардар уште еднаш покажаа дека се вистински херои, ги оставија сите проблеми настрана, одиграа моќен натпревар и буквално го растурија Мотор Запорожје.
 
На неколку дена пред мечот си заминаа Криштопанс и Атман, а најавени беа уште трансфери од Вардар, но тоа не беше проблем за оние кои истрчаа на теренот да го дадат максимумот и да покажат зошто сме европски шампиони.
 
Вардар имаше фуриозен почеток, брзо дојде до пет голови предност 7:2, Мотор успеа да дојде до минус еден 11:10, но ракометарите на европскиот шампион направија серија од 5:0 и дојдоа до највисоките во првиот дел 16:10.
 
Стевче Алушовски за кого ова беше деби со Вардар во Лигата на шампионите во голем дел од мечот играше со формација 7 на 6 и тоа се покажа како успешна тактика.
 
Во второто полувреме Вардар продолжи да го меле противникот, разликата се зголемуваше, во три наврати имавме и 11 погодоци предност, на крајот конечниот резултат гласеше 38:28.
 
Сташ Скубе со осум голови беше најдобар на теренот, Чупиќ постигна шест, одлични беа и Дибиров и Горбок со по пет голови, по три реализираа пикерите Стоилов и Калараш. Кизиќ имаше девет одбрани. Кај гостите Пуковски со шест голови беше најефикасен, Денисов постигна пет.
 
Вардарци со оваа победа на две кола пред крајот го заверија пласманот во осминафиналето, се искачија на петтата позиција во групата со бод повеќе од Порто на кого му гостуваат во следното коло.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе