Следен предизвик е Супер Глоуб

Ракометарите на Вардар рутински до трофејот на турнирот во Требиње

Шампионот на Македонија и Европа, Вардар без многу проблеми се радуваше на подготвителниот турнир во Требиње и го освои трофејот со триумф над Металопластика во финалето.

„Црвено-црните“ пристигнаа како фаворити во БиХ и го оправдаа статусот откако рутински тримфираа на турнирот во Требиње.

Вечерва во финалето, Вардар беше подобар од Металопластика и триумфираше со 32-28.

Шампионот на Македонија и Европа на полувремето замина со три гола предност (17-14), а на средината од вториот дел имаше и позитива од седум погодоци. На крајот дојде до мало опуштање па противникот успеа да анулира дел од предноста.

Следен предизвик за Вардар сега е настапот на Супер Глоуб во Саудиска Арабија.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе