СП 2019

Ракометарите го одржаа утринскиот тренинг, се крои тактиката за Бахреин (ФОТО)

По синоќешната убедлива победа над Јапонија, македонските ракометари фокусот го ставаат на Бахреин, утрешниот противник против кој мора да се запишат бодовите.

 
Македонија одигра одличен меч против Јапонија и забележа убедлив триумф со дури 38 постигнати голови. 
 
Но и покрај триумфот, некои работи треба да се поправат, особено играта во одбраната која не беше на највисоко ниво. Јапонците се брзи и ниски, а со тоа и незгодни за нашата одбрана. За разлика од нив, следниот противник, селекцијата на Бахреин е повисока репрезентација со поинаков стил на гра.
 
Од денеска почна да се кова тактиката за Бахреин кој на хартија е најголем аутсајдер во групата, но иако загуби убедливо од Шпанија, му пружи силен отпор на Европскиот шампион се до финишот од мечот кога беше тотално разбиен.
 
Желбата на Раул и ракометарите е да се влезе силно во мечот, уште во првото полувреме да се создаде предност по која во вториот дел ќе може да им се даде шанса на помладите, а тие што го носат најголемиот дел од товарот да добијат одмор и да бидат свежи за клучните предизвици со европските противници.
 
Натпреварот помеѓу Македонија и Бахрен се игра утре (недела) со почеток од 14:00 часот.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе